Пари Сен Жермен направи важен чекор кон шампионската титула во Лига 1, откако убедливо го совлада Нант со 3-0 во заостанатиот меч од 26. коло.
ПСЖ рано ја наметна својата доминација и поведе уште во 13. минута, кога Квича Кварацкелија сигурно реализираше пенал за 1-0. До крајот на првото полувреме, притисокот на домаќините продолжи, па Дезире Дуе во 37.минута зголеми на 2-0.
Во вториот дел, ПСЖ само ја потврди својата надмоќ. Повторно во главна улога беше Кварацкелија, кој во 50. минута го постигна својот втор гол на натпреварот и ги постави конечните 3-0.
По 29 одиграни кола, ПСЖ е на врвот на табелата со 66 бодови, четири повеќе од Ленс, и сè посигурно чекори кон нова титула.
-
Кристијано Роналдо ги предводи „дедовците“ на СП, тука се и Модриќ, Џеко, Нојер…
Осум фудбалери постари од 40 години, меѓу кои и Кристијано Роналдо, ќе настапат на...
Автор makfudbal
-
Мбапе го брани епитетот најдобар стрелец на СП, Жист Фонтен и натаму е ненадминлив
Килијан Мбапе ќе го брани трофејот наменет за најдобар стрелец на Светското првенство. Досега...
Автор makfudbal
Прва лига
Оливер Богатинов е нов тренер на Тиквеш













