Европскиот првак Пари Сен Жермен планира да му понуди на Луис Енрике досега невиден договор – доживотен ангажман.
Шпански медиум откри дека ПСЖ толку многу верува дека Луис Енрике е вистинскиот тренер на долг рок, што Насер Ал-Келаифи сака да му понуди „бланко“ и неограничен договор, односно доживотен, каков што досега не е виден во фудбалскиот свет.
Покрај тоа, ПСЖ има намера да му понуди и огромна плата со која би станал најплатениот тренер во светот, иако конкретната сума не е откриена.
Луис Енрике во неколку наврати истакна дека е среќен во Париз, и на приватен и на спортски план, па изгледа дека би можел да остане. Сепак, големото прашање е дали ќе се обврзе на ваков начин и дали би прифатил да остане во „златен кафез“ доколку некогаш посака да си замине.
Во својата кариера, Шпанецот ги водеше Барселона Б, потоа Селта, Рома, а златни страници испиша со Барселона од 2014 до 2017 година. Пред да пристигне во Париз, беше и селектор на репрезентацијата на Шпанија.
Со Пари Сен Жермен ги освои сите можни трофеи, а оваа година дури шест, со што испиша историја и на „Паркот на принцовите“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













