Белгискиот интернационалец Ромелу Лукаку игра во фантастична форма во дресот на Интер, се препороди на „Џузепе Меаца“ по неуспешната епизода во Манчестер Јунајтед, и се наметнува како еден од најдобрите светски напаѓачи. Тој е во фокусот на Пари Сен Жермен и на Манчестер Сити кои би сакале да го купат по завршувањето на сезоната. Но, според најновите информации од Шпанија, и Реал Мадрид се вклучува во трката. Проценките се дека сепак Лукаку е подобра опција од Ерлинг Халанд.
Лукаку има договор со Интер до јуни 2024 година, но прашање е дали италијанскиот калчолигаш ќе може да го задржи дотогаш. Проектот на кинеската компанија „Сунинг“ не се движи според плановите, го потврди тоа и тренерот Антонио Конте, а Лукаку е најбараниот фудбалер на Интер, заедно со Лаутаро Мартинез.
Пари Сен Жермен нуди 110 милиони евра за да го купи Ромелу Лукаку, а и Пеп Гвардиола е во потрага по замената на Серхио Агуеро. Реал Мадрид бара долгорочен наследник на Карим Бензема.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal













