Астон Вила и Борусија Дортмунд славеа во реваншите од четвртфиналето во Лигата на шампионите, но нивните победи беа само утеха – ПСЖ и Барселона, и покрај поразите, изборија пласман во полуфиналето благодарение на убедливите победи во првите натпревари.
Астон Вила успеа да го совлада Пари Сен Жермен со 3-2 на домашен терен, но тоа не беше доволно за пласман понатаму, бидејќи францускиот тим веќе имаше предност од 3-1 од првиот натпревар во Париз. Гостите поведоа со 0-2 преку Хакими и Мендеш, но Тилеманс намали до полувремето.
Во вториот дел Вила возврати преку Мекгин и Конса за целосен пресврт, но немаа сили за уште еден гол кој ќе донесеше продолженија.
Слична судбина имаше и Борусија Дортмунд, кој триумфираше со 3-1 над Барселона, но тоа не беше доволно да ја анулира убедливата предност од 4-0 на Каталонците од првиот дуел. Гираси блесна со хет-трик – погоди од пенал во 11-тата минута, потоа и во 49-та и 76-та минута, но автоголот на Бенсабеини за Барса во 54-та минута беше клучен за шпанскиот тим да ја задржи предноста и да се пласира во полуфиналето.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Де Јонг: Однесувањето на судијата беше срамно
Евро-фудбал
Фулкруг го разби бункерот на Лече
Евро-фудбал
Ливерпул сака да го купи Камавинга
Евро-фудбал
Лео Меси откри каде ќе ја заврши кариерата
Евро-фудбал
Баерн за едно полувреме го растури Лајпциг













