Connect with us

ПСЖ го претстави Лукас Дињ како нова аквизиција

Европскиот првак Пари Сен Жермен објави дека го ангажираше францускиот репрезентативец Лукас Дињ, кој во Париз пристигнува од Астон Вила.

Искусниот лев бек потпиша договор со актуелниот француски шампион до летото 2029 година, откако го напушти лондонскиот клуб со активирање на откупната клаузула. Вредноста на трансферот се проценува на меѓу 7 и 8 милиони евра.

Дињ имаше уште две години од договорот со Астон Вила, но можноста за заминување била предвидена во неговиот договор. Францускиот фудбалер изразил желба да се врати во Париз, каде што веќе настапуваше од 2013 до 2016 година.

Во текот на минатата сезона тој беше еден од стандардните играчи на Астон Вила. Во Премиер – лигата забележа 32 настапи, додека во походот кон трофејот во Лига Европа одигра 11 натпревари, вклучувајќи го и финалето.

Дињ настапи шестпати за репрезентацијата на Франција за време на Светското првенство, а беше стартер и во полуфиналниот натпревар кој Франција го загуби од Шпанија. Во групната фаза пропушти само два натпревари.

Во ПСЖ, Дињ ќе има конкуренција во португалскиот репрезентативец Нуњо Мендеш, кој минатата сезона беше прв избор на позицијата лев бек.

Пари Сен Жермен минатата сезона ја заврши со освојување на петтата последователна титула шампион на Франција, додека со победата над Арсенал по изведувањето пенали во финалето на Лигата на шампионите го освои и вториот последователен трофеј во ова натпреварување.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови