Connect with us

ПСЖ го купува Сузуки за 35 милиони евра, па го испраќа на позајмица во Јувентус!

Пари Сен Жермен е пред реализација на трансферот на еден од најперспективните голмани во Европа. Францускиот гигант постигнал договор со Парма за Зион Сузуки, за кого ќе плати 35 милиони евра.

23-годишниот Јапонец ќе потпише петгодишен договор со ПСЖ, но и покрај големата инвестиција, нема веднаш да застане меѓу стативите на „Паркот на принцовите“.

Луис Енрике и во новата сезона планира да се потпре на Матвеј Сафонов и Лука Шевалие, па Сузуки најверојатно веднаш ќе биде испратен на позајмица за да добие континуитет и драгоцено искуство.

Најсериозна опција за негово привремено ангажирање во моментов е Јувентус, кој активно бара решение на голманската позиција. Сепак, интерес за Јапонецот има и од други клубови.

Сузуки дополнително ја зголеми својата репутација со одличните настапи на неодамнешното Светско првенство, по што интересот за неговите услуги значително порасна.

Во меѓувреме, ПСЖ продолжува да работи на уште неколку трансфери. Францускиот шампион сака до крајот на неделата да ги финализира и зделките за Феран Торес и Мика Годс.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови