Пари Сен Жермен и официјално го претстави новото засилување, украинскиот репрезентативец Илја Забарњи. Францускиот гигант за 21-годишниот стопер плати 63 милиони евра, а договорот предвидува и дополнителни бонуси до 3 милиони евра за Борнмут.
Англискиот клуб го донесе Забарњи во јануари 2023 година од Динамо Киев за 22,7 милиони евра.
„Пресреќен сум што станувам дел од Пари Сен Жермен, клуб кој го сметам за најдобар во светот. Ќе дадам сè од себе на теренот и со нетрпение го чекам моето деби, како и првата средба со фантастичните навивачи“, порача Забарњи по потпишувањето на договорот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













