Европскиот клупски шампион Пари Сен Жермен нема намера да направи чекор за ангажман на играчот за врска на Манчестер Сити, Родри, пренесува францускиот весник „Л’Екип“.
Одлуката на раководството на ПСЖ е поврзана со уверувањето дека клубот моментално го има најдобриот среден ред во светот и дека нема потреба од дополнителни засилувања на таа позиција.
Не е тајна дека Родри сака да го напушти Манчестер Сити, а негов приоритет е враќање во Шпанија и трансфер во Реал Мадрид. Според информациите, 30-годишниот шпански репрезентативец веќе ги усогласил личните услови со „кралевите“ и сега чека двата клуба да постигнат договор за неговиот трансфер.
Манчестер Сити се наоѓа пред голем предизвик, бидејќи веќе очекува официјална понуда од Реал Мадрид за еден од своите најважни фудбалери. Евентуалното заминување на Родри би можело да предизвика сериозна трансферна реакција на „Етихад“.
Родри е член на Манчестер Сити од јули 2019 година, кога пристигна од Атлетико Мадрид. Неговиот актуелен договор со англискиот гигант важи до 30 јуни 2027 година, а раководството на „граѓаните“ се надева дека ќе успее да го убеди да потпише продолжување на соработката.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Фабијани, очигледно, не е тренер за Вардар – нека „пали“ за Аргентина !
Можеби Кристијан Фабијани е Аргентинец, можеби и бил квалитетен фудбалер, меѓутоа повеќе од очигледно...
Автор Nikola Gjurovski
Евро-фудбал
Реал Мадрид се фокусира кон Зубименди
Евро-фудбал
Манчестер Сити го претстави Херонимо Рули
Евро-фудбал
Барселона ја зголеми понудата за Родри
Евро-фудбал
Тешка повреда на последниот тренинг на Барселона













