Фудбалерите на ПСВ Ајндховен станаа шампиони на Холандија. Избраниците на Питер Бош во последното, 34. коло од Ередивизие, влегоа со еден бод предност пред Ајакс и ја задржаа таа предност со победа од 1-3 на гостувањето кај Спарта Ротердам.
Екипата на Ајакс победи со 2-0 против Твенте, но заврши како второпласирана со само еден бод помалку.
Ајакс пет кола пред крајот имаше девет бода предност на врвот, но потоа целосно се распадна. Пред денешната победа загубија од Утрехт и НЕК Нијмеген, додека одиграа нерешено против Спарта Ротердам и Гронинген во минатото коло, кога примија изедначувачки гол во 99. минута. Од друга страна, ПСВ ја заврши сезоната со седум последовни победи.
ПСВ поведе во 27. минута, а стрелец беше хрватскиот репрезентативец Иван Перишиќ. Оливие Боскалји центрираше од левата страна и одлично го пронајде Перишиќ, кој со удар глава погоди за водство и го донесе ПСВ на чекор до титулата.
Спарта изедначи преку Џивај Зекиел во 52. минута, но одговорот на гостите дојде многу брзо. Најпрво Ноа Ланг асистираше за голот на Лук де Јонг во 58. минута, а победата и титулата ја потврди Малик Тилман во 84. минута со погодок за конечни 1-3.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













