Германскиот шампион Баер Леверкузен е блиску до потписот на шпанскиот играч за врска Алеиш Гарсија од Џирона. Сè меѓу двата клуба е разјаснето и останува играчот да се договори за неговите лични услови, објавија германските медиуми.
„Скај Германија“ објави дека Гарсија ќе добие долгорочен договор со Баер Леверкузен, кој ги освои Бундес – лигата и Купот на Германија во историска серија без пораз на домашната сцена.
26-годишниот Алеиш Гарсија има договор до 2026 година со Џирона, која заврши на третото место во Ла Лига. Во договорот има отштетна клаузула од 15 милиони евра.
Гарсија играше на 37 од 38 лигашки натпревари за Џирона и постигна три гола во историската сезона во која тимот се квалификуваше за првпат во Лигата на шампионите.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













