Connect with us

Прв гол на Кутињо по 11 месеци, Барса не дозволи изненадување против Валенсија (ВИДЕО)

Барселона не дозволи славје на Валенсија на стадионот “Камп Ноу”, победи со 3-1, откако гостите го преземаа водството уште во раните делови од натпреварот. Капитенот на Валенсија, Хозе Јага со неверојатен погодок од повеќе од 16 метри, го изненади голманот на Барса, Марк Андре Тер Штеген, уште во петтата минута.

Каталонците потоа, се спротивставија преку Ансу Фати, кој исто како Гаја на другата страна, постигна одличен погодок од далечина и потсети зошто го наследи дресот со број “10” од Лионел Меси. За пресврт на мечот се погрижи Мемфис Депај, кој успешно го изведе ударот од белата точка кој и беше доделен на екипата на Роналд Куман на само четири минути пред регуларниот дел од првото полувреме.

Благодарение на овој погодок, Холанѓанецот се изедначи со Еден Азар по вкупниот број на голови во Ла Лига досега (4). Конечниот резултат од 3-1 го постави Кутињо, кој се запишеа во листата на стрелци за прв пат по скоро 11 месеци. Последниот пат кога бразилскиот ас ја затресе мрежата на некој противник беше на 29 ноември 2020, во победата од 4-0 против Осасуна во Ла Лига.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови