Кожуф се раздели со Дарко Крстески, кој веќе нема да биде тренер на гевгелискиот второлигаш.
Клубот преку социјалните мрежи ја потврди промената на тренерската позиција, откако екипата не успеа да направи посериозен резултатски исчекор на стартот од сезоната.
Кожуф моментно се наоѓа на десеттото место во Втората лига со седум освоени бода, само три повеќе од Еуромилк, кој се наоѓа во опасната зона.
Гевгелискиот тим сега ќе добие нов стратег, кој веднаш ќе биде ставен пред сериозен предизвик. Дебито на новиот тренер ќе биде против лидерот Детонит, во натпреварот кој следува по репрезентативната пауза.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













