Connect with us

Проблем за Реал, се повреди Камавинга пред реваншот со Сити

Реал Мадрид го победи Хетафе со 1-0 на „Бернабеу“ во 34. коло од Ла Лига. Единствениот стрелец за „кралевите“, кои одиграа во многу „шарен“ состав пред реваншот со Манчестер Сити в среда, беше Марко Асенсио во 70. минута.


Загрижувачка вест за Карло Анчелоти е повредата на Едуардо Камавинга, еден од неговите клучни играчи. Французинот излезе од теренот во 84. минута поради болки во коленото.


„Го истегна коленото, но е стабилно. Боли, но важно е ддека може да го свитка. Доби еден удар, но има 20 години и ќе закрепне. Еден ден ќе одмори и би можел да им се придружи на останатите фудбалери од тимот во понеделник“, изјави Карло Анчелоти.


Камавинга беше можеби најдобриот играч на Реал Мадрид на првиот натпревар против Манчестер Сити, кој заврши 1-1. Неговата природна позиција е централен играч за врска, но Анчелоти често го употребува на позицијата лев бек. Од таа позиција влегува како играч повеќе во средината и многу учествува во офанзивните акции.


Сити и Реал в среда од 21 часот на „Итихад“ го играат реванш полуфиналето од Лигата на шампионите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови