Connect with us

Проблем за ПСЖ: Нејмар е повреден, го пропушта дуелот со Лајпциг во ЛШ

Ѕвездата на Пари Сен Жермен, Нејмар, ќе го пропушти дербито на третото коло во Лигата на шампионите против бундеслигашот Лајпциг поради повреда. Потврдено е дека Нејмар има проблем со мускулот, не се знае колку време ќе треба да отсуствува, но најверојатно се работи за мала повреда.


Бразилецот честопати беше повреден, иако најчесто околу 11 март, кога беше роденден на неговата сестра, поради што беше цел на критичарите.

Сепак, сега станува збор за друг вид на повреда, ПСЖ нема да може да смета на него утре против Лајпциг.
Во оваа група, ПСЖ и Клуб Бриж имаат по четири бода, Манчестер Сити три, додека Лајпциг и понатаму е без бодови.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови