Лоши вести во таборот на Парагвај само неколку дена пред почетокот на Светското првенство. Еден од најважните фудбалери на селекцијата, Хулио Енсисо, заработи повреда поради која ќе ги пропушти воведните натпревари на Мундијалот.
Парагвај во последниот контролен натпревар пред турнирот убедливо ја совлада Никарагва со 4-0, но победата остана во втор план поради проблемот со младиот офанзивец на Стразбур.
Енсисо се повреди во првото полувреме по еден жесток дуел со противнички играч. Веднаш беше јасно дека станува збор за посериозен проблем, бидејќи не можеше да го продолжи натпреварот и мораше предвреме да биде заменет.
Paraguay's best attacker, Julio Enciso, in tears after being carried off vs Nicaragua in their final tune up before the World Cup.
— herculez gomez (@herculezg) June 6, 2026
You hate to see that. pic.twitter.com/8kEGqq3m3x
По средбата, селекторот Густаво Алфаро потврди дека повредата ќе го оддалечи фудбалерот од терените најмалку две недели, што претставува голем удар за амбициите на Парагвај на почетокот од турнирот.
Тоа значи дека Енсисо нема да биде во конкуренција за настап на првиот меч против САД на 12 јуни, како и за вториот натпревар против Турција седум дена подоцна.
Во парагвајскиот табор сепак не ја губат надежта дека нивниот креативец ќе успее навреме да закрепне и да биде подготвен за последниот натпревар од групната фаза против Австралија, кој ќе се одигра на 25 јуни.
Отсуството на Енсисо претставува сериозен хендикеп за селекцијата, бидејќи токму тој се смета за еден од играчите околу кои се гради офанзивната игра на Парагвај во последните години.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Меси „невидлив“ на почетокот против Шпанија!













