Крилниот напаѓач на Наполи, Давид Нерес, се соочува со сериозен ризик да го пропушти големиот дуел во Серија А меѓу Интер и „партенопеите“, откако заработи повреда на глуждот за време на победата на својот тим со 0-2 против Лацио во неделата. Бразилецот, кој има шест голови и една асистенција во последните 10 натпревари како стартер во сите натпреварувања, беше принудно заменет во средината на второто полувреме.
Нерес падна на земја без топка, откако рутински додаде кон Станислав Лоботка. Му беше потребна помош од двајца членови на медицинскиот тим за да го напушти теренот, при што видливо чувствуваше болка при секое стапнување на левата нога. Веднаш се фати за глуждот, а подоцна „Скај Спорт Италија“ потврдија дека станува збор за исчашување на левиот скочен зглоб.
Оваа повреда значи дека тој сигурно ќе го пропушти натпреварот од претстојното коло во Серија А против Верона во среда вечер. Сега за него започнува трка со времето за да биде подготвен да игра против лидерот на табелата, Интер, на „Џузепе Меаца“ в недела, во натпревар кој се смета за рана пресметка за Скудетото.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal













