Фудбалерот на Баерн Минхен и француски репрезентативец, Бенјамин Павар, е позитивен на Ковид-19. Тој веднаш е отстранет од останатиот дел од тимот и одреден период ќе мине во самоизолација.
Павар го постигна единствениот гол на мечот против Тигрес (1-0) на Светското клупско првенство во Катар, а беше резерва на последниот натпревар од Бундес-лигата против Арминија Билефелд. Тој е четвртиот фудбалер на Баерн Минхен кој последниот месец е позитивен на коронавирусот. Томас Милер појави симптоми во Катар и се врати одвоено од тимот, а претходно позитивни тестови имаа и Хави Мартинез и Леон Горецка.
Баерн Минхен претстојниот викенд игра против Ајнтрахт Франкфурт во Бундес-лигата, а на 23 февруари се среќава со Лацио во Лигата на шампионите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal













