Во Прилеп повторно има причина да се зборува за фудбал.
Новоформираниот ГФК Победа го имаше своето историско деби, а првиот официјален натпревар на „Гоце Делчев“ заврши со вистинска фудбалска прослава. Прилепскиот тим со убедливи 6-0 го совлада Превалец и на најдобар можен начин ја отвори новата сезона.
Она што особено го привлече вниманието, сепак, се случуваше надвор од теренот.
Трибините на „Гоце Делчев“ беа исполнети, а прилепчани во голем број, повеќе од 3.000 гледачи, дојдоа да му дадат поддршка на клубот кој треба да биде носител на новата фудбалска приказна во градот.

ГФК Победа од сезоната 2026/27 настапува во Третата македонска фудбалска лига, со јасна амбиција постепено да се движи кон повисоките рангови и повторно да го врати Прилеп во центарот на македонскиот фудбал.
Првиот натпревар покажа дека интересот постои. Полните трибини, атмосферата и убедливата победа се идеален почеток за клубот кој допрва треба да го гради својот пат.
Шест гола за прв официјален настап, трибини исполнети со прилепчани и голема поддршка од градот – Победа ја започна новата приказна онака како што посакуваше.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













