Пелистер на најлош можен начин ги отвори летните подготовки пред новата сезона во Втората македонска лига. Битолчани во првиот интернационален пријателски натпревар убедливо беа поразени од грчкиот Паниониос со дури 8-0. Разликата во квалитет беше сериозно изразена.
Грчкиот состав уште во првото полувреме стекна сигурна предност од 3-0, а по паузата продолжи со доминацијата и постигна уште пет погодоци за убедлив триумф. Ова воедно беше и прв натпревар на клупата за новиот тренер Борче Христов.
За разлика од Пелистер, Работнички оствари победа на контролниот дуел против Брера. „Романтичарите“ славеа со 1-0, а стрелец на единствениот гол беше Матеј Киш, кој ја затресе мрежата во 52. минута.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Фабијани, очигледно, не е тренер за Вардар – нека „пали“ за Аргентина !
Можеби Кристијан Фабијани е Аргентинец, можеби и бил квалитетен фудбалер, меѓутоа повеќе од очигледно...
Автор Nikola Gjurovski
Евро-фудбал
Падна договор, Феран Торес прави трансфер во ПСЖ
Евро-фудбал
Тешка повреда на последниот тренинг на Барселона













