Connect with us

Претседателот на Севилја: Марсијал се враќа во Јунајтед, дадовме многу пари, а не добивме ништо

Напаѓачот Eнтони Марсијал ова лето се врача во Манчестер Јунајтед, пишува шпанскиот печат. Французинот пролетва играше како позајмен во Севилја, но Андалузијците немаат намера да го задржат и следната сезона, бидејќи финансиските параметри за евентуална зделка се превисоки и неисплатливи за нив.


„Марсијал ќе се врати во Јунајтед. Потрошивме многу пари на него, но планот не успеа. Освен тоа, тој постојано се повредува. Нема да го купиме”, изјави претседателот на Севилја, Хозе Кастро, за „Марка“.

Марсијал се пресели на позајмица во Севилја на крајот на јануари оваа година. За четири месеци настапи на 12 натпревари, постигна еден гол и забележа една асистенција.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови