Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија Масар Омерагиќ, заедно со претставници од ФФМ, денес ја посетија Битола и извршија увид во состојбата на стадионот „Петар Милошевски“, со цел да се исполнат условите на УЕФА, за одигрување на меѓународен натпревар за селекциите до 21 година, помеѓу Македонија и Италија.

За одигрување на ваков натпревар од меѓународен ранг, потребно е да се извршат подготовки и да се исполнат критериуми за добивање на лиценца од комисија на УЕФА. Градоначалникот Тони Коњановски и претседателот Масар Омерагиќ, разговараа околу подготовките и преземањето на обврските од страна на општината и од ФФМ, со цел Битола да биде претставена во најдобро светло. На 9 септември, Битола треба да биде домаќин на натпреварот Македонија – Италија, за фудбалери до 21 година.

По увидот на терен, претседателот на ФФМ ја посети општина Битола, каде што со градоначалникот разговараа за успесите во спортот на битолските екипи, успесите во училишниот спорт и условите за развој на училишниот спорт, во кои општината постојано инвестира. Градоначалникот посочи дека на последниот јавен повик од страна на Владата, општината аплицираше за изградба на три спортски училишни сали и девет спортски игралишта во училиштата.
Во знак на добрата соработка, Омерагиќ му подари на градоначалникот Тони Коњановски репрезентативен фудбалски дрес со негово име и бројот „9“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Јувентус шокиран на Сардинија (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Баерн за едно полувреме го растури Лајпциг
Евро-фудбал
Шоу на Дембеле, ПСЖ убедлив против Лил (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Баерн за едно полувреме го растури Лајпциг
Прва лига
Сухел Мухареми го засили Работнички













