Нотингем Форест направи пресврт и го победи Вест Хем со 1-2 на гости во 21. коло на Премиер – лигата.
„Чеканите“ поведеа рано, во 13. минута, кога по корнер од левата страна Муриљо со несреќен автогол донесе предност за домашниот тим.
На почетокот од второто полувреме Вест Хем постигна гол, но поништен поради офсајд на Кастелјанос, што отвори пат за пресврт.
Во 55. минута Николас Домингез искористи корнер на Андерсон и со глава го совлада Ареола, додека во 88. минута францускиот голман стана клучен за пресвртот откако направи пенал.
Морган Гибс-Вајт го реализира пеналот и донесе голема победа за Нотингем на гостински терен.
Со оваа победа, Нотингем Форест ја прекина серијата од четири порази и се искачи на 17. место на табелата со 21 поен, додека Вест Хем остана на 18. позиција со седум бода помалку.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













