Connect with us

Пресврт во преговорите: Винисиус омекна и сака да потпише нов договор со Реал

Винисиус Жуниор не сака да го напушти Реал Мадрид, а изгледа дека конечно е на повидок и решение околу неговиот нов договор. Бразилецот е свесен дека трпението на претседателот Флорентино Перез е на крајот, па за да го обезбеди останувањето, е подготвен на клучен компромис.


Тој е подготвен да се откаже од бонусите за продолжување на договорот кои ги бараше досега и да потпише за 20 милиони евра ако тоа е условот, пренесуваат шпанските медиуми.

Во последните денови дојде до пресврт. Винисиус повеќе не сака да ги затегнува односите со управата и јасно стави до знаење дека продолжувањето на договорот му е приоритет. Тој го прифати предизвикот на клубот во 2026 година повторно да стане клучен играч и е подготвен да се откаже од финансиските барања кои ги кочеа преговорите.

Иако договорот сè уште не е официјално постигнат, во клубот владее оптимизам дека сè би можело да се реши во наредните денови или недели.

Винисиус е свесен дека мора да направи чекор напред за да го врати својот статус во тимот, а подобар момент од овој тешко може да се замисли. Во отсуство на Килијан Мбапе, се очекува од него да ја преземе лидерската улога во нападот и конечно да ја прекине лошата низа од 14 натпревари без постигнат гол.


Во оваа сезона, тој има пет гола и осум асистенции во 24 одиграни натпревари.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови