Англискиот репрезентативец Маркус Рашфорд е на добар пат да ја промени својата одлука и да ја продолжи кариерата во Манчестер Јунајтед. Ставот на крилниот напаѓач до неодамна беше цврст – дека повеќе нема да настапува за „црвените ѓаволи“.
Неговата желба беше трајно да остане во Барселона, каде што минатата сезона играше како позајмен фудбалер, но каталонскиот клуб се откажа од можноста да го откупи неговиот договор за 30 милиони евра. Интерес за него покажаа и Њукасл, Тотенхем, Челси, Астон Вила и Баерн Минхен, но засега нема конкретни понуди од ниту еден од овие клубови.
Рашфорд во моментов се наоѓа во САД со репрезентацијата на Англија, но според „Сан“, во последните недели менаџерот на Јунајтед, Мајкл Карик, е во постојан контакт со него и се обидува да го убеди дека може повторно да ја оживее својата кариера на „Олд Трафорд“.
Последниот натпревар на напаѓачот за својот матичен клуб беше во декември 2024 година против Нотингем Форест. Тој има договор со Манчестер Јунајтед до јуни 2028 година, а Карик наводно му порачал дека е добредојден назад на „Олд Трафорд“.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Меси „невидлив“ на почетокот против Шпанија!













