Веќе го покренавме конкретниот аспект со Федерацијата и во наредниот период ќе го решиме прашањето врз основа на Договорот од Преспа и правилата и традицијата на УЕФА, вели премиерот на Република Северна Македонија Зоран Заев во писмената изјава за грчката новинска агенција АНА-МПА и грчката државна телевизија ЕРТ.
Изјавата на премиерот Заев е по реакциите во Грција за амблемот на ФФМ на дресовите на нашите репрезентативци.
-Цела Европа знае дека нашата фудбалска репрезентација на првенството ја претставува Северна Македонија. Дури и Федерацијата да не е јавен ентитет, националниот тим е. Како што е во сите земји во светот. Па така, јасно е и треба да биде јасно на сите нивоа дека е репрезентација на Северна Македонија, ирелевантно од иницијалите на Федерацијата на дресовите. Веќе го покренавме конкретниот аспект со Федерацијата и во наредниот период ќе го решиме прашањето врз основа на Договорот од Преспа и правилата и традицијата на УЕФА, вели премиерот Заев.
Претседателот на Владата на Северна Македонија во изјавата додава дека „имплементацијата на Договорот од Преспа е работа во тек и нашата цел е постепено да најдеме решенија со соседите кои го спроведуваат Договорот и да нè придвижат напред врз основа на соработката и взаемното почитување“.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski