Англиската Премиер – лига е на прагот на нешто невидено во историјата на европскиот фудбал – можност да испрати шест клуба во Лигата на шампионите следната сезона. Благодарение на новиот формат на натпреварување и високиот УЕФА коефициент, Англија веќе си обезбеди пет места, но сценариото би можело да стане уште пофантастично.
Според новите правила, Лигата на шампионите е проширена од 32 на 36 тима, а две дополнителни билети секоја година одат кај најуспешните национални шампионати. Оваа сезона тоа се Премиер – лигата и шпанската Ла Лига. Но, приказната не завршува тука.
Манчестер јунајтед и Тотенхем, иако се длабоко на табелата во домашното првенство (14. и 16. место), имаат златна шанса да го променат текот на историјата – преку Лига Европа. Обата клуба се во одлична позиција по првите полуфинални мечеви: Јунајтед славеше со 0-3 на „Сан Мамеш“ против Атлетик Билбао, а Тотенхем го совлада Бодо/Глимт со 3-1 во Лондон.
Ако некој од нив го освои трофејот, а не се пласира меѓу првите пет во Премиер – лигата, Англија ќе испрати вкупно шест клуба во најелитното европско натпреварување – нешто што никогаш досега не се случило.
Финалето на Лига Европа се игра на 21 мај во Билбао, а сè помалку изгледа како изненадување доколку токму овие два англиски гиганти се соочат во битката за трофејот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Интернационалци
Стефан Ашковски ја продолжува кариерата во Иран
Прва лига
Србинот Мирза Делимеѓац го засили Силекс
Евро-фудбал
Един Џеко потпиша за Шалке
Евро-фудбал
Лоренцо Инсиње би можел да се врати во Наполи?
Интернационалци
Стефан Ашковски ја продолжува кариерата во Иран
Евро-фудбал
Донарума експресно го напушта Манчестер Сити?













