Крилниот напаѓач на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, и понатаму инсистира на плата од 30 милиони евра и бонус за потпис при евентуално продолжување на договорот со клубот. Според „Атлетик“, токму ова е причината зошто преговорите се во застој во последните неколку месеци.
25-годишниот Винисиус е дел од Реал од 2018 година, а неговиот договор важи уште две сезони. Досега, Бразилецот има одиграно 322 натпревари за „кралскиот клуб“, при што постигнал 106 голови и има 83 асистенции.
Се очекуваше Реал Мадрид наскоро да го објави новиот договор со Вини до 2030 година, но тоа нема да се случи. Развој на ситуацијата е можен по завршувањето на сезоната 2025/26.
Во дресот на бразилската репрезентација, Винисиус има одиграно 41 натпревар и постигнато седум голови.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар тргна доминантно, Шкендија го доби дербито со Струга Трим Лум, па сега најтрофејниот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лука Булатовиќ (Пелистер)
Пелистер го декласира Работнички со 4-1 во првото пролетно, 17.коло од Првата фудбалска лига....
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Арбелоа: Успешно завршена задача
Евро-фудбал
Зиелински го нокаутира Јуве во 90.минута (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Аталанта славеше против Лацио на „Олимпико“
Интернационалци
Фантастичен гол на Барди од слободен удар (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Артета ги откри проблемите на Арсенал













