Connect with us

Познати се сите четвртфинални дуели на Мундијалот

Познати се сите четири четвртфинални двојки на Светското првенство 2026, откако беше одигран и последниот натпревар од осминафиналната фаза.

Последен патник меѓу осумте најдобри селекции е Швајцарија, која вечерва ја елиминира Колумбија по подобро изведување пенали.

Во четвртфиналето Швајцарците ќе се соочат со Аргентина, која претходно денеска приреди спектакуларен пресврт и со 3:2 го совлада Египет.

Во останатите четвртфинални пресметки ќе се сретнат Франција и Мароко, Шпанија и Белгија, како и Норвешка и Англија.

Први на терен ќе излезат Франција и Мароко во четврток од 22:00 часот, додека четвртфиналната програма ќе биде затворена со дуелот меѓу Аргентина и Швајцарија, кој ќе се игра во ноќта меѓу сабота и недела, со почеток во 03:00 часот по македонско време.

Четвртфинални двојки:

  • Франција – Мароко (четврток, 22:00)
  • Шпанија – Белгија (петок, 21:00)
  • Норвешка – Англија (сабота, 23:00)
  • Аргентина – Швајцарија (недела, 03:00)

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови