Connect with us

Познати можните ривали на Вардар пред денешниот ждреб за ЛШ: Шамрок, Рига, ТНС…

Најтрофејниот македонски клуб Вардар го доби скусениот список на можни ривали пред денешниот ждреб за првото квалификациско коло од Лигата на шампионите. Вардарци се сместени во групата на неносители, а како можни противници на ждрепката од 16 часот ќе ги имаат: Шамрок Роверс (Ирска), КуПС (Финска), Рига (Летонија), Флора Талин (Естонија), Ларне (Северна Ирска), ТНС (Велс).

На прв поглед, ова е поволен расплет за „црвено-црните“, бидејќи избегнаа неколку значително понезгодни ривали како Каират, Борац Бања Лука и Универзитатеа Крајова.

Натпреварите од првото квалификациско коло ќе се играат на 6 и 7 јули, додека реваншите се закажани една недела подоцна, на 14 и 15 јули.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови