Connect with us

Познат комплетниот распоред на натпревари во Првата фудбалска лига

Македонскиот првак Шкендија стартува на гости против Тиквеш, а потоа дома ја пречекува Ренова. Следи гостување во Штип кај Брегалница, а потоа и дуел на домашен терен против Македонија ЃП.

Шкупи на стартот оди во Штип, потоа е домаќин на Македонија ЃП и ќе има две врзани гостувања против Пелистер и против Струга Трим Лум.

Работнички почнува дома со Борец, потоа ќе гостува на Академија Пандев во Струмица и игра два меча дома, против Струга Трим Лум и против Тиквеш.

Познат е комплетниот распоред на натпревари во Првата фудбалска лига до 22.коло. Третиот круг ќе биде определен според Бергеровиот систем, согласно позициите на табелата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови