Познатиот хулиган на холандскиот гигант Ајакс, Мартин ван де Пoл (56), беше убиен на улица во Амстердам и тоа пред очите на неговата малолетна ќерка. Убиството се случило додека Мартин ја водел својата ќерка во училиште. Непознатиот напаѓач му пукал директно во главата.
Ван де Пол беше осуден на доживотен затвор поради убиство на четворица луѓе во стриптиз клуб во 2000 година. Подоцна казната му беше намалена на 15 години затвор.
Мартин ван де Пол долги години беше од водачите на навивачката трибина на стадионот на Ајакс. Тој се повлече од организираното навивање во 2015 година, но продолжи да оди на стадион како обичен гледач.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го сочува врвот со „минималец“ против Работнички, а Шкендија имаше лесна задача против...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Борче Христов (Тиквеш)
Доаѓањето на Борче Христов на кормилото на Тиквеш донесе и многу подобри денови за...
Автор makfudbal













