Connect with us

Познат е календарот: Македонија стартува дома против Швајцарија, завршува со Словенија исто дома

Фудбалска репрезентација на Македонија влегува во Б-дивизијата со убиствен распоред и го го дозна календарот за својата историска премиера во второто по ранг друштво од Лигата на нации, циклус што ќе се одигра во исклучително згуснат термин, во период од околу 50 дена.

Четири меча за 13 дена – вистински тест на издржливост

Најтешкиот дел ќе биде самиот старт. Избраниците на новиот селектор Гоце Седлоски ќе одиграат дури четири натпревари во само 13 дена, со две гостувања.

Циклусот почнува на 24 септември со домашен дуел против Швајцарија. Потоа следи гостување кај Словенија (29 септември), па нов меч пред домашната публика против Шкотска (3 октомври). Првиот мини-блок ќе заврши со уште едно соочување со Швајцарците, овојпат на гости (6 октомври).

Завршницата во ноември

По нешто повеќе од еден месец пауза, Македонија ќе ги одигра последните две средби од групата, гостување во Шкотска (13 ноември) и домашен натпревар против Словенија (16 ноември).

Пред Седлоски и неговите фудбалери стои сериозен предизвик – темпо без простор за грешки и противници од висок квалитет.

Четвртфиналните и плејоф-дуелите од Лигата на нации се закажани за периодот од 25 до 30 март следната година, додека завршниот турнир од А-дивизијата ќе се одржи од 9 до 13 јуни 2027 година.

Календарот на натпревари на Македонија

Македонија – Швајцарија (24 септември)

Словенија – Македонија (29 септември)

Македонија – Шкотска (3 октомври)

Швајцарија – Македонија (6 октомври)

Шкотска – Македонија (13 ноември)

Македонија – Словенија (16 ноември)

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови