Тешката повреда што ја заработи Родриго може да се покаже како златна можност за Нејмар во остварувањето на неговиот сон – настап со Бразил на уште едно Светско првенство. Според „UOL Esporte“, Карло Анчелоти сериозно ја разгледува опцијата да го повика напаѓачот на Сантос за претстојните пријателски натпревари против Франција и Хрватска.
Како што е познато, Родриго заработи една од најтешките повреди во фудбалот – кинење на предните вкрстени лигаменти, што сигурно ќе го остави без настап на Мундијалот.
Анчелоти на 16 март ќе го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за споменатите контроли. Дотогаш Нејмар ќе одигра уште два натпревари за Сантос. Доколку во нив покаже дека е во добра физичка состојба, речиси извесно е дека 34-годишниот напаѓач ќе добие повик. Неговите шанси дополнително ќе пораснат доколку дотогаш талентот на Челси, Естевао, кој се рехабилитира од мускулна повреда, не биде подготвен за настап.
Досега токму физичките проблеми на Нејмар беа главниот фактор што го спречуваше Анчелоти повторно да го вклучи во националниот тим. Неговиот последен настап во дресот на Бразил беше на 17 октомври 2023 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија го доби дербито со Вардар и се врати комплетно во трката за шампионската...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лиридон Љатифи (Шкендија)
Шкендија дојде во Скопје и стави крај на неподеливоста на Вардар. Целиот тим на...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед сака да го купи Елиф Елмас!
Интернационалци
Елиф Елмас доби место во тимот на колото во Серија А













