Connect with us

„Повеќе од клуб“ или не: Барселона го игнорира Чави затоа што не е во добри односи со Лапорта?

Чави Хернандез повторно е во центарот на вниманието во Каталонија.

Според шпанските медиуми, легендарниот играч и поранешен тренер на Барселона не бил вклучен во составот на клупските легенди на последниот собир, а причината наводно лежи во неговите нарушени односи со актуелното раководство и претседателот Жоан Лапорта.

Се тврди дека зад оваа одлука стои Алехандро Ечеварија, влијателна фигура во клубот и близок соработник, како и поранешен шура на Лапорта.

Чави бил известен дека не е предвиден за настап на натпреварот на легендите на Барселона, што, според изворите, многу го погодило.

Тешко е да се занемари фактот дека Чави речиси целата своја играчка кариера ја мина во Барселона. Од 1998 до 2015 година беше дел од првиот тим, освојувајќи ги практично сите можни трофеи и изградувајќи статус на една од најголемите клупски легенди.

Подоцна, во еден од најтешките периоди за клубот, тој ја презеде тренерската функција по заминувањето на Роналд Куман и ја врати титулата во Ла Лига во 2023 година, по три сезони без шампионски трофеј. Многумина сметаат дека токму Чави ги постави темелите врз кои подоцна продолжи да гради Ханси Флик.

Кога ќе се земе предвид неговиот придонес како играч и тренер, Чави помина повеќе од три децении во Барселона, па затоа неговото отсуство од собирот на клупските легенди предизвика бројни реакции меѓу навивачите.

Иако е познато дека во минатото бил близок до Виктор Фонт, противкандидат на Лапорта на претседателските избори, многумина во Каталонија сметаат дека тоа не смее да биде причина за маргинализирање на човекот кој беше капитен, симбол на клубот и еден од најзначајните фудбалери во историјата на Барселона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови