Connect with us

Постигна гол и го посвети на трагично загинатиот Даниел Николовски (ВИДЕО)

Трагична вест го потресе македонскиот спорт и целата јавност. На само 21 година животот го загуби младиот фудбалер Даниел Николовски, кој загина во тешка сообраќајна несреќа на патниот правец од клучката за Маврово кон Гостивар.

Николовски беше голем фудбалски талент, а неговата трагична смрт предизвика огромна тага меѓу неговите соиграчи, пријатели и сите кои го познаваа.

Особено емотивно беше на натпреварот меѓу Дрита Боговиње и Јехона, кој домашниот тим го доби со убедливи 7-1. По постигнатиот гол, Рамадан Шерифи го посвети погодокот токму на својот трагично загинат соиграч.

Николовски летово пристигна во Дрита Боговиње, но иако кратко време беше дел од екипата, очигледно остави силен впечаток кај соиграчите и луѓето во клубот.

Во досегашната кариера, покрај настапите за неговиот матичен клуб Тетекс, Николовски играше и во странство. Беше дел од германскиот нисколигаш Релинген Фремерсдорф, како и од хрватскиот Хрватски Витез од Задар.

Пред него беа уште многу години фудбал и можност да го покаже својот талент. За жал, неговиот животен и спортски пат трагично заврши прерано.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови