Големо изненадување во 29. коло од Премиер – лигата приреди Вулверхемптон, кој на „Молинју“ го совлада актуелниот шампион Ливерпул со 2-1. Иако „волците“ се наоѓаат на дното на табелата и по оваа победа имаат само 16 бодови, со дисциплина, тактичка зрелост и карактер покажаа дека поседуваат квалитет за највисокото ниво.
Натпреварот долго време беше тактички надигрување без премногу изразени шанси. Во првото полувреме, Коди Гакпо спречи рано водство на гостите, оттурнувајќи ја топката пред да стигне до Кертис Џонс. Мрежите мируваа сè до 77. минута, кога корпулентниот напаѓач на домаќините Емануел Арокодара физички го надмудри капитенот Вирџил ван Дајк и прецизно проигра кон Родриго Гомеш. Португалецот остана смирен и го совлада Алисон за 1-0.
Дури по примениот погодок Ливерпул ја засили офанзивата. Младиот Рио Енгумоа беше блиску до израмнување, но неговиот удар со крајни напори го одбрани Жозе Са, пренасочувајќи ја топката во стативата.
Израмнувањето дојде во 83. минута, кога Белегард направи сериозна грешка во средниот ред и му ја подари топката на Мохамед Салах, кој рутински реализираше за 1-1. Се чинеше дека гостите го преземаат моментумот и се подготвуваат за пресврт.
Сепак, драмата кулминираше во четвртата минута од судиското продолжение. По лоша интервенција на Алисон, акцијата продолжи, топката стигна до Андре, чиј удар не беше најпрецизен, но по одбивањето од несреќниот Гомеш го смени правецот и заврши во мрежата за конечни 2-1. „Молинју“ експлодираше од радост, а Вулверхемптон впиша три златни бода во битката за опстанок.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија го доби дербито со Вардар и се врати комплетно во трката за шампионската...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лиридон Љатифи (Шкендија)
Шкендија дојде во Скопје и стави крај на неподеливоста на Вардар. Целиот тим на...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед сака да го купи Елиф Елмас!
Интернационалци
Елиф Елмас доби место во тимот на колото во Серија А













