Connect with us

После Кансело, и Бернардо Силва ќе замине од Манчестер Сити?

Португалскиот интернационалец Бернардо Силва е следниот кој ќе го напушти Манчестер Сити до крајот на зимскиот преоден рок. Оваа вест ја објави португалскиот новинар Педро Алмеида, кој ексклузивно откри дека Бернардо Силва денеска би можел да го напушти Манчестер Сити и да тргне по стапките на Жоао Кансело.


Силва подолг период е незадоволен на „Итихад“, а во 2023 година го загуби и стандардното место во првиот состав на Пеп Гвардиола. Тој многу повеќе му веруваше на Ријад Махрез, како и на тандемот Де Бруин – Гундоган во средниот ред.

Барселона беше најзаинтересирана за негов ангажман, но каталонскиот клуб во моментот нема финансии за ваков трансфер. Бернардо Силва би дошол на позајмица, а во опција е и ПСЖ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови