Напаѓачот на шпанската репрезентација и на Порто, Саму Омородион, ќе го пропушти Светското првенство 2026 година поради сериозна повреда.
Саму го доби ударот за време на дербито против Спортинг Лисабон пред два дена.
Голгетерот на „Змејовите“ беше принуден да излезе од игра на полувремето во натпреварот од 21. коло на португалското првенство. Денес клубот соопшти дека напаѓачот има скинати предни крстни лигаменти на коленото.
Според информациите, сезоната за Саму е завршена, што значи дека тој нема да може да настапи за шпанската репрезентација на Мундијалот 2026.
Во тековната сезона во португалското првенство, поранешниот напаѓач на Алавес постигна 13 гола во 20 натпревари.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













