Connect with us

Порто го освои Суперкупот на Португалија и ја надмина Бенфика во севкупниот број на трофеи (ВИДЕО)

Порто го освои Суперкупот на Португалија за 2026 година, откако во финалето со минимални 1-0 го совлада Торенсе, тимот кој сензационално го освои националниот Куп минатиот мај.

Победничкиот гол за „змејовите“ го постигна Виктор Фрохолд во 38. минута, а второлигашот уште еднаш покажа дека неслучајно стигнал до трофејот во Купот. Торенсе беше рамноправен ривал и создаде дури 14 удари кон голот, наспроти 12 на Порто, додека двата тима имаа по четири удари во рамките на голот.

Со овој трофеј, Порто на најдобар можен начин ја отвори новата сезона и ја надмина Бенфика како најтрофеен клуб во историјата. Португалскиот шампион првенствената кампања ќе ја започне на 9 август со домашен натпревар против Алверка, а по пауза од неколку сезони повторно ќе настапува во Лигата на шампионите. Последен пат Порто играше во елитното европско натпреварување во сезоната 2023/24, кога стигна до осминафиналето, каде што беше елиминиран од Арсенал по изведување пенали.

Од друга страна, Торенсе и покрај поразот има причина за задоволство. Освојувањето на Купот на Португалија му обезбеди историски настап во главната фаза на Лигата на Европа.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови