Поранешната американска фудбалерка Кетлин Денис боледува од коронавирус веќе 331 ден, откри во интервју за Вашингтон Пост. Поради тоа и морала да ја прекине кариерата.
„Короната ме фати уште пред луѓето да почнат да носат маски. Вирусот ме нападна минатата година, уште пред да почнат да се носат маски во Илиноис. Ми се чини дека имам корона цел век, нели? Сега зборуваме за друга година, вакцини, нов сој на коронавирус, нова администрација во Белата куќа на САД, а кај мене се е исто. Се уште сум во кревет. Во оваа моја соба. Имам чувство дека времето не одминува, како да сум во затвор и удирам рецки на ѕидот“, изјави Кетлин Денис за Вашингтон Пост.
Мислела дека вирусот брзо ќе го победи, но никако да добие негативен тест на коронавирус.
„Си велев, ајде утре ќе заврши. Но, веќе престанав тоа да го мислам. Се обидувам да не мислам дека никогаш нема да го победам овој вирус. Се будам секое утро и си велам, како ќе ми биде денес? Од докторите добив прекар „долготраен пациент“. некои симптоми ми се контантни, како што се болките во телото и слабост од глава до петици, а некои доаѓаат и поминуваат. Тоа се одѕвонување во ушите, болка во ребрата, прескокнување на срцевото чукање, врели уши, чувство на опиеност“, опиша Кетлин.
Таа сега живее во надеж дека вакцината конечно ќе стави крај на пандемијата на коронавирусот во целиот свет, а и самата конечно ќе биде излекувана.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Интернационалци
Уште една неуспешна тренерска епизода за Игор Ангеловски
Евро-фудбал
Сасуоло го изненади Милан на „Сан Сиро“ (ВИДЕО)
Интернационалци
Уште една неуспешна тренерска епизода за Игор Ангеловски
Млади репрезентации
Македонија У15 ја победи Турција













