Евертон и Арсенал вечерва од 21 часот ќе го одиграат последниот натпревар од 15. коло во Премиер – лигата. Интересно е дека фановите на Евертон ќе го напуштат стадионот во 27. минута. На овој начин сакаат да му испратат порака на сопственикот Фархад Мошири кој е на чело на клубот од 2018 година дека не раководи правилно со клубот.
Поранешниот претседател на Премиер лигата, Сајмон Џордан, смета дека Мошири е најголемиот виновник за кризата во Евертон, што очигледно го мислат и навивачите на тој клуб.
„Проблемот на Евертон е Мошири“, изјави поранешниот сопственик на Кристал Палас. „Мислам дека Мошири троши пари, но тој не знае да води фудбалски клуб и мислам дека тој е виновен за се што се случува.
Директорот Марсел Брендс го напушти Евертон во неделата. Под негово водство Евертон за три години потпиша со 26 играчи, а се верува дека за тоа се потрошени околу 300 милиони фунти.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski