Приказната на Лука Модриќ во Реал Мадрид се ближи кон својот крај. Според шпанската „Марка“, претставници на еден, засега неименуван, клуб од Катар неодамна слетале во Мадрид – со една цел: да го убедат хрватскиот маестро да ја продолжи кариерата на Блискиот Исток.
Иако Модриќ секогаш јавно зборуваше дека сака да ја заврши кариерата во „кралскиот клуб“ и да го дочека следното Светско првенство како играч на Реал, се чини дека претседателот Флорентино Перез има други планови. Договорот на хрватскиот ветеран истекува ова лето, а досега нема никакви сигнали дека ќе биде продолжен.
Во изминативе две години, Лука Модриќ доби неколку примамливи понуди од арапскиот свет, но секогаш избираше да остане во Мадрид. Дали ова ќе биде моментот кога ќе каже „да“ на нов предизвик?
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар со триумфот над Струга ТЛ и дефинитивно мина прв низ целта и ја...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Стефан Цветковиќ (Вардар)
Вардар е шампион, а голот вреден титула за триумфот во Струга го постигна Стефан...
Автор makfudbal













