Connect with us

Понуда која не се одбива: ПСЖ дава 60 милиони евра за ѕвездата на Милан

Милан вечерва во последното коло од групната фаза на Лигата на шампионите на „Сан Сиро“ ќе игра против Ливерпул и ќе се обиде да се пласира во нокаут фазата од елитното натпреварување. Покрај триумф, на „росонерите“ им е потребно и Порто да не го победи Атлетико Мадрид.


Во меѓувреме, Милан добил понуда од ПСЖ која тешко се одбива. „Светците“ нудат 60 милиони евра за францускиот репрезентативец Тео Хернандез.

Еден од најдобрите играчи на Милан на тој начин би ја пополнил левата страна во тимот на ПСЖ, што е голем проблем за Маурисио Покетино. Хуан Бернат долго беше повреден, додека Нуно Мендеш не ги исполни очекувањата на раководството на клубот.

Тео Хернандез дојде во Милан во летото 2019 година од Реал Мадрид за 21 милион евра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови