Реал Мадрид успеа да ја оспори казната за Ибрахима Конате. Дисциплинската комисија при Кралската шпанска фудбалска федерација ја прифати жалбата на мадридскиот клуб и го поништи жолтиот картон што францускиот дефанзивец го доби на дуелот со Вилјареал.
Конате беше опоменат во 81. минута од натпреварот, кој Реал го доби со 1-0 во десеттото коло од Ла Лига. Судијата Исидро Дијас де Мера процени дека дефанзивецот го удрил во лицето Жерар Морено при дуелот за топката.
Сепак, снимките од спорната ситуација покажуваат дека меѓу двајцата фудбалери немало физички контакт, што беше основа за жалбата на Реал Мадрид. По одлуката на Дисциплинската комисија, Конате останува со три жолти картони во досегашниот дел од сезоната.
За разлика од случајот со францускиот дефанзивец, Реал Мадрид не успеа да ја оспори казната за Винисиус Жуниор. Жалбата за бразилскиот напаѓач беше одбиена, па тој ќе мора да ја отслужи суспензијата од четири натпревари – два поради влечење за коса на противнички играч и уште два поради протестите по инцидентот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум победи и на второто последовно дерби, славејќи против Шкендија Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Христијан Малески (Струга ТЛ)
Големите фудбалери се познаваат на големите натпревари. Струга Трим Лум успеа да ја победи...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска
Млади репрезентации
Хет-трик на Стефан Ристиќ, голема победа на Македонија У17 против Унгарија
Млади репрезентации
Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска
Интернационалци
Ѓоко Хаџиевски ќе биде нов тренер на Локомотив Софија?













