Шкендија со минимален пораз се враќа од Единбург, но надежите за пласман во плејофот на УЕФА Конференциската лига остануваат живи по поразот од 2-1 против Хибернијан во првиот натпревар од третото квалификациско коло.
Тетовскиот состав долго време успешно му одолеваше на шкотскиот претставник, но домашниот тим поведе во 74. минута преку Лоу. Одговорот на Шкендија беше експресен – само две минути подоцна Марко Ѓорѓиевски ја затресе мрежата за 1-1 по одличната асистенција на Зејнулаи.
Кога се чинеше дека гостите ќе извлечат поволен резултат пред реваншот, Хибернијан во 90. минута стигна до победничкиот гол преку О’Хора, оставајќи ја Шкендија без заслужена награда за прикажаното.
И покрај поразот, тренерот Артим Положани смета дека неговиот тим има реални шанси да го сврти двомечот во Скопје.
„Одигравме тежок натпревар против физички моќен противник. Жал ни е што го примивме вториот гол по прекин во самиот финиш, бидејќи таквите ситуации можеа да се избегнат. Сепак, останува уште еден натпревар и верувам дека во Скопје ќе покажеме многу повеќе. Момците го дадоа максимумот и покрај одредени проблеми што ги имавме во одбраната во првото полувреме. Во продолжението успеавме да ги исправиме тие недостатоци и со малку повеќе внимание можевме да останеме непоразени“, изјави Положани.
Стратегот на тетовци смета дека жешкото време во Скопје би можело да биде фактор што ќе оди во прилог на неговиот тим, иако потенцира дека тоа нема да биде пресудно.
„Можно е временските услови да ни донесат одредена предност, бидејќи шкотските екипи знаат да имаат проблеми со високите температури. Но, тоа нема само по себе да ни донесе успех. Најважно е ние да ја одиграме нашата игра, да ги исполниме тактичките задачи и да го дадеме максимумот. Верувам дека имаме квалитет да се бориме за пласман понатаму, а тоа би било огромен успех за клубот, играчите и целиот стручен штаб“, порача Положани.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Втора лига
Мите Цикарски го засили Пелистер
Интернационалци
Ѓорѓи Мојсов е нов тренер на Земун
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА













