Шкендија излезе како победник од големото дерби во ПМФЛ, откако тетовскиот тим славеше со 0-2 на Националната Арена „Тодор Проески“ против актуелниот шампион.
Гостите одиграа зрел и дисциплиниран натпревар и заслужено стигнаа до трите бода, а по завршувањето на дуелот својата анализа ја даде тренерот на Шкендија, Артим Положани.
„Мислам дека ова беше целосно заслужена победа. Голема заслуга имаат момците, бидејќи одиграа навистина одличен натпревар. Почетокот не беше најдобар, особено првите 20 минути, но тоа е разбирливо ако се земат предвид условите во кои игравме. Дополнително, зад нас беше тежок натпревар во Шкотска.
Освен почетниот период, мислам дека во продолжението сè одеше во наша корист. Момците заслужуваат целосни пофалби за прикажаното. Ова дерби беше психолошки исклучително тешко, особено затоа што игравме против тим кој минатата сезона ја освои шампионската титула“, изјави Положани.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Втора лига
Мите Цикарски го засили Пелистер
Интернационалци
Ѓорѓи Мојсов е нов тренер на Земун
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА













