
Истрагата околу контроверзниот натпревар од Втората лига меѓу Кожуф и Башкими се проширува и кон кумановскиот клуб. Според одредени неофицијални информации, во текот на попладнето и вечерта се обезбедени информации и за одредени личности кои се сомничат како можни сторители за давање поткуп на овој второлигашки меч. Најверојатно во текот на утрешниот ден ќе следат и подетални информации за оваа акција.
Фудбалската федерација на Македонија денеска информираше дека врз основа на добиени информации и преземени активности во врска со натпреварот меѓу ФК Кожуф и ФК Башкими, Одделот за безбедност и интегритет покрена постапка пред Дисциплинската комисија поради основано сомнение за нарушување на интегритетот на натпреварот одигран на 6. мај 2025, кој заврши со 1-2 во корист на Башкими.
Постапката се отвора против: С. Г. – ФК Кожуф, П.Г. – ФК Кожуф, Б.К. – ФК Кожуф, Б.Д. – ФК Кожуф, Ј.П. – ФК Кожуф, К.С. – ФК Кожуф, Н.С. – ФК Кожуф, Ф.К. Кожуф;
Постапката се темели на досега добиените писмени изјаснувања и доставената релевантна документација и податоци од наведените лица (тренери, фудбалери, службени лица на клубот), како и од официјалните лица на натпреварот (судии, делегат, контролор на судии, комесар за безбедност).
Во писмените, своерачни изјаснувања, дел од фудбалерите посочуваат конкретни лица за кои тврдат дека дале инструкции или наредби во врска со исходот од натпреварот.
ФФМ исто така напомена дека постапката во дадениот момент се однесуваше на наведените лица и субјекти, но истата може да биде проширена и на други лица и субјекти доколку во понатамошниот тек на постапката бидат обезбедени дополнителни сознанија или докази што упатуваат на нивна вклученост.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal