Connect with us

Покетино: Разочаран сум, ПСЖ мора да победува вакви натпревари

Аргентинскиот стратег Маурисио Покетино со реми (1-1) против Сент Етјен ја стартуваше одисејата на кормилото на Пари Сен Жермен. Разочаран е, вели дека „светците“ мора да ги победуваат ваквите натпревари. 

„Не можам да бидам задоволен со бодот. Поточно, разочаран сум. Пари Сен Жермен мора да победува на вакви натпревари. Ова не е резултатот што го посакувавме од овој меч. Од друга страна, јасно е дека имавме многу малку време за да се подготвиме заедно и ќе мора напорно да работиме за да смениме многу работи. ПСЖ треба да биде многу поубедлив во иднина“, изјави Маурисио Покетино. 

ПСЖ е второпласиран на табелата во францускиот шампионат со 36 бода, три помалку од лидерот Лион. 

        

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови