Connect with us

Покетино потпишал тригодишен договор со Челси

Маурисио Покетино потпиша тригодишен договор со Челси, откриваат медиумите на Островот.
Аргентинецот се договори со лондончани пред околу две недели, но дури сега го потпиша договорот чиј рок е до јуни 2026. Во неговиот штаб се Хесус Перез, Тони Хименез, Мигел Д’Агостино и неговиот син Себастијано Покетино.


Официјално, веста за назначувањето на Покетино ќе биде објавена во следните 48 часа. Се шпекулира дека тоа би можело да се случи на 30 мај, точно една година од официјалната потврда на веста дека Тод Боели е новиот сопственик на Челси. Инаку, Покетино ќе почне со работа веќе следната недела.

Привремениот менаџер Френк Лампард денеска за последен пат ќе ги предводи лондончани на гостувањето кај Њукасл.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови