Фудбалската федерација на САД официјално потврди дека Маурисио Покетино ќе остане на селекторското столче најмалку до Светското првенство во 2030 година.
Откако ја презеде селекцијата во септември 2024 година, Покетино го подигна нивото на игра и испиша историја на Мундијалот во 2026. Под негова палка, Американците ја освоија својата група, стигнаа до осминафиналето и ја забележаа првата елиминациска победа на светските првенства по 2002 година – поставувајќи нов национален рекорд по број на победи на еден турнир.
Улогата на Покетино повеќе нема да биде врзана исклучиво за сениорскиот тим. Заедно со неговиот стручен штаб, тој добива пошироки надлежности кои вклучуваат и менторирање и развој на младинските национални селекции.
„Во изминатите две години увидовме колкав е вистинскиот потенцијал на американскиот фудбал. Возбудени сме што ќе придонесеме не само преку резултатите на теренот, туку и преку развојот на играчите, тренерите и целосната фудбалска инфраструктура во земјата,“ изјави Покетино по потпишувањето на договорот.
Со овој потег се става крај на шпекулациите за негово враќање во татковината.
Името на Покетино сериозно се поврзуваше со клупата на Аргентина, како можен наследник на Лионел Скалони, особено по поразот на „гаучосите“ од Шпанија во финалето на неодамнешниот Мундијал.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Фабијани, очигледно, не е тренер за Вардар – нека „пали“ за Аргентина !
Можеби Кристијан Фабијани е Аргентинец, можеби и бил квалитетен фудбалер, меѓутоа повеќе од очигледно...
Автор Nikola Gjurovski
Евро-фудбал
Падна договор, Феран Торес прави трансфер во ПСЖ
Евро-фудбал
Тешка повреда на последниот тренинг на Барселона













